50-годишен пешак прегазен во Гостивар

Во Гостивар синоќа се случила сообраќајна незгода во која со повреди се здобил пешакот М.Е. (49).

Незгодата се случила во 21:35 часот кога во пешакот на булеварот „Браќа Ѓиноски“ удрило возило голф управувано од Х.И.(51). Повредениот пешак е пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде е констатирано дека му се пукнати три ребра на десниата страна и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Увид на лице место извршила увидна екипа од полициската станица во Гостивар.

 
 
24.04.2016 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега