Канабисот наскоро во аптеките во Хрватска

 

Медицинскиот канабис наскоро би требало да се најде во продажба во Хрватска, а медицинските лица сметаат дека тој може само да ги ублажи симптомите на болеста, не и да ја излечи личноста.

Хрватски Дневник неофицијално дознава дека цената на канабисот за месечна терапија може да биде помеѓу 200 и 270 евра.

Канабисот ќе се увезува од Канада, а ќе го дистрибуира Имунолошкиот завод во вид на капсули.

- Ќе биде достапен во две јачини и ќе се издава на пациенти само во аптеките на рецепт од лекар во примарната здравствена заштита, а на основа на препорака на доктор специјалист, изјави др. Романа Каталиниќ од секторот за лекови на Министарството за здравство.

Во Хрватска моментално медицински канабис можат да добијат само пациенти кои боледуваат мултиплекс склероза, карцином, сида и деца заболени од редок епилептичен синдром.

 

 

 
 
24.04.2016 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега