Пробиштипјанец се бори за живот, со скршен череп пренесен итно во болница

Седумдесет и деветгодишниот А.Ј. од пробиштипското село Добрево вчера околу 10:30 часот додека стоел на улица и разговарал со други лица, паднал од патот од висина од околу 2,5 - 3 метри и се здобил со повреди на главата. 

Со медицинско возило на рудникот Злетово, кое минувало случајно, е пренесен во Брза помош во Пробиштип, од каде во неконтактибилна состојба е препратен во Клиничката болница во Штип, каде му е констатирано дека има скршеница на черепот со крварење на мозокот. Лицето е во животна опасност и е задржан на лекување во Клиничката болница во Штип.

 
 
24.04.2016 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега