Фановите ја исполнија желбата на Јелена: Ќе се наежите кога ќе го видите спотот снимен во чест на убиената пејачка (ВИДЕО)

 

Бројни фанови, колеги и пријатели и понатаму не можат да ја прежалат смртта на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ која беше пронајдена мртва во каналот покрај насипт Црвенка во Борча.
И додека и понатаму се работи на расветлувањето на овој монструозен злочин, фановите на Јелена добиле идеја да направат спот за песната „Ти и јас“ која ја пеела покојната пејачка.
Јелена со Марко Гачиќ на крајот на ноември снимила дуетска песна, а со оглед на тоа што трагично настрада не можела да сними спот, па тоа го направиле нејзините обожаватели.
- Долго размислував за темата на овој дует, ги гледав нивните најави за спот. За жал, не дочекавме такво нешто... Ова е моја желба, моја мисија, да ја стварам нејзината желба, а се надевам дека ќе стигне и до Марко, напиша девојката чија била идејата да се направи овој видео спот.
Погледнете го емотивниот спот снимен во чест на Јелена марјановиќ:

 
 
24.04.2016 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега