Викендов трагедија на скопските улици: Пешак го загуби животот

Во текот на изминатите три дена во Скопје се случиле 33 сообраќајни незгоди.

Сообраќајната полиција во петокот изврши увид на 14 сообраќајни незгоди. Од нив, во една незгода животот го загуби еден пешак, четири се со последица материјална штета и седум се со телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле 13 лица.

Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле две лица.

Како што информира за МИА, Драган М. Велјаноски од СВР - Скопје, во  саботати извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, три се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле 14 лица и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле две лица.

Вчера пак извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди, од кои девет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четири лица.

Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 59 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 15 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, пет возачи поминале на црвено светло на семафор и седум возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 43 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај. 

 
 
25.04.2016 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега