Крвава драма со трагичен крај: Го убил момчето на поранешната сопруга
Трагедија ја потресе Србија. Синоќа околу 20 часот бил убиен 32-годишниот Мирко Фреј, во зграда во близина на паркот кај Шабац. Убиството кое го потресе регионот се случило поради љубомора.
Според податоците на српскиот Курир, несреќниот маж бил пронајден во стан на вториот кат во зградата каде со својата невенчана сопруга живеел како потстанар.
Тој бил врзан за столица, мачен, ставен на тортура, па избоден со нож. Во истиот стан се наоѓал и поранешниот партнер на Андријана, девојката со која сега починатиот маж бил во врска. И таа имала крв на телото, а и убиецот имал една убодна рана кај градите.
Итната помош дошла по повикот од Андријана, која живеела со Мирко, а од врската со убиецот има дете.
Ова е уште едно убиство кое деновиве го потресе регионот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа