Ванчо Шехтански: Амнестија и тоа за воени злосторства имавме и во 2001, па немаше загрижени невладини

Протестите на опозицијата во Македонија се антидржавни, со сценарио подготвено од надвор. Претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански во интервју за Прес24, вели дека т.н. „Шарена Револуција“ е насочена исклучиво кон македонскиот национален идентитет и тоа лесно се препознава.

- Она што иритира е тоа што бојата со која се оштетуваат Македонските споменици и тоа исклучиво оние со национален симбол, се во бојата на ЛГБТ шаренилото, што е крајно провокативно за Македонскиот народ и е очигледно со цел да се предизвика контра-реакција од народот, што нема да се случи затоа што целта е прочитана, но  повторувам  институционално беше потребно да се спречат овие сценарија, пред истите да излезат  на улица, вели Шехтански за Прес24.

Според него одлуката на Претседателот Ѓогре Иванов за аболиција е донесена од национални и државни интереси. Вели времето ќе покаже дали таа била исправна, но ја потенцира дволичноста на невладиниот сектор кога станува збор за правдата во Македонија.

- Тој е сепак врховен командант, располага со информации од Агенцијата за разузнавање која е под негова ингеренција и сигурно знае зошто се одлучил на ваков чекор, некогаш државниот  интерес  е над се. Во секој случај ТМРО ја  почитува  неговата одлука  и сметаме дека постои реална можност  за Амнестија на сите затвореници во висина од 30% од казната, што би бил државнички потег, кон севкупното стабилизирање на состојбите во земјата. Амнестија да се потсетиме имавме и во 2011 за воени злосторства на припадниците на УЧК, но  загрижени  невладини организации  немаше, ниту со една реакција, вели претседателот на ТМРО во интервјуто за Прес24.

ТМРО, вели Шехтански смета дека политичката криза во Македонија треба да се решава внатре во македонските институции без медијаторство од надвор.

ПРЕС24: Повеќе од десетина дена во Скопје, но и во неколку градови во Македонија, опозицијата организира протести, кои по многу нешта наликуваат на сценаријата на т.н. обоени револуции. Во Македонија тие веќе се нарекуваат „Шарена Револуција“. Дали Македонија во овој момент е во сериозна опасност од можност да дојде на раб од граѓанска војна?

ШЕХТАНСКИ: Не верувам дека Македонците ќе бидат толку наивни па ќе кренат рака едни на други. Што се однесува до меѓуетничките и меѓуверски тензии, тие се секогаш присутни  и отворени и  се лесно потпаливи.

ПРЕС24: Кој според Вас стои зад овие протести на опозицијата?

ШЕХТАНСКИ: Сценариото е несомнено од надвор. ТМРО пред некој ден излезе со официјален став дека е потребно времена забрана за невладините организации кои делуваат надвор од своите цели, односно имаат политички барања. Овие организации така наречени невладини и непрофитни, примаат милионски средства на своите сметки и повеќе од очигледно е дека се наменети против уставното уредување на РМ и за политички цели. Лудост е да се замижува на овие факти и немо да се гледа како со пари од странски земји преку разни ЛБТ заедници и анационални типови со хулигански екцеси се сквернават државни институции. Зачудува пред се мекиот став на МВР и отсуството на енергична реакција,спрема овие платеници.

ПРЕС24: Бројноста на овие протести засега е мала, наспроти оној собир што го организираше ГДОМ, но сепак какви се проценките дали овие протести можат да добијат поголема масовност?

ШЕХТАНСКИ:  Нема мали или големи протести. Постојат само цели на протестите, а ако тие се со средства од странски  донации, државните институции се тие кои треба на време да ја спречат нивната намена.

ПРЕС24: Карактеристика на овие протести се бојадисување на објектите од проектот Скопје 2014. Сепак, можеме ли да очекуваме и обиди за посериозно оштетување на спомениците?

ШЕХТАНСКИ:  Она што иритира е тоа што бојата со која се оштетуваат Македонските споменици и тоа исклучиво оние со национален симбол, се во бојата на ЛГБТ шаренилото, што е крајно провокативно за Македонскиот народ и е очигледно со цел да се предизвика контра-реакција од народот, што нема да се случи затоа што целта е прочитана, но  повторувам  институционално беше потребно да се спречат овие сценарија, пред истите да излезат  на улица.

ПРЕС24: Обидот за политички дијалог во Виена пропадна поради тоа што СДСМ одби да учествува. Постои ли можност да се врати политичкиот дијалог на преговарачка маса?

ШЕХТАНСКИ:  Ставот на ТМРО, иако сме дел од коалицијата за подобра Македонија, уште од самиот почеток на политичката криза беше јасен, а тоа е сите политички проблеми да се решаваат институционално внатре во Македонската држава , а не со меѓународни  посредници. Не  постои  суверена држава во Европа која за секоја политичка криза трча по  Европските канцеларии и бара мислење. Ваквиот  однос се вика протекторат, каде  однадвор се  диктира кога ќе има избори - што и ни се случува, дали ќе има избори, каква политика ќе води државата, со еден збор недозволиво. Политички  дијалог внатре во земјава и без посредници.

ПРЕС24: Протестите беа иницирани по одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов да потпише општа  аболиција околу прислушувањето. Власта и опозицијата не се согласуваат со тој потег, странците бараат повлекување на одлуката. Дали Иванов погреши?

ШЕХТАНСКИ:  Времето ќе покаже дали Претседателот Иванов повлече вистински потег. Тој е сепак врховен командант, располага со информации од Агенцијата за разузнавање која е под негова ингеренција и сигурно знае зошто се одлучил на ваков чекор, некогаш државниот  интерес  е над се. Во секој случај ТМРО ја  почитува  неговата одлука  и сметаме дека постои реална можност  за Амнестија на сите затвореници во висина од 30% од казната, што би бил државнички потег, кон севкупното стабилизирање на состојбите во земјата. Амнестија да се потсетиме имавме и во 2011 за воени злосторства на припадниците на УЧК, но  загрижени  невладини организации  немаше, ниту со една реакција.

ПРЕС24: Второто барање на опозицијата е одлагање на изборите. Трие веќе се распишани, парламентот распуштен. Голем дел од партиите најавија бојкот. Има ли простор за спроведување на изборите?

ШЕХТАНСКИ:  Политичката  криза во секој случај се решава единствено на парламентарни избори, каде својот став го кажува народот . Колку побрзо  се  организираат  изборите толку побрзо ќе се излезе од ќорсокакот. Изборите се договорени за 5-ти Јуни и опасно е ако и после тој датум државата остане без институции, тогаш сите опции ќе бидат отворени.

ПРЕС24: Избори без опозиција веројатно би било продлабочување на кризата. Има ли начин како да се затвори оваа криза, особено ако се има предвид дека опозицијата на избори, кога и да бидат ќе ги загуби?

ШЕХТАНСКИ: Се надевам ќе надвладее разумот кај Македонските  партии  и политичари,  а  личните  и  партиските  интереси  и суети да бидат зад државниот и националниот интерес, зошто ние Македонците  резервна  држава  немаме, а би било трагично да го изгубиме и ова  парче што ни остана, нешто што нашите Македонски поколенија никогаш нема да ни го простат.

ПРЕС24: Како го оценувате досегашното работење на Специјалното јавно обвинителство?

ШЕХТАНСКИ: Во правосудството  сум 20 години и мој став е никогаш да не ги коментирам судските  одлуки. Рамковниот договор беше политички договор, исто и  СЈО е политички  договор  на  четирите  партии, и тие  единствено и најдобро знаат што договарале.

ПРЕС24: Може ли Македонија да влезе во една подлабока политичка изолација на меѓународен план и кој би бил виновен за тоа?

 

ШЕХТАНСКИ: Се надевам дека ќе надвладее  разумот кај  политичките  елити  и таков  луксуз нема да ни се случи.

 
 
26.04.2016 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега