Поранешниот на Северина со тужба против Игор Којиќ! - еве зошто

Поранешниот свршеник на популарната пејачка Северина скоро три години е во судски спор со Севе за старателството над нивниот син.

milan popovic

Поповиќ учествуваше на конференција за рамноправно родителство во Хрватска и верува дека со промената на законот конечно ќе има рамноправно одгледување на синот.

„Мојата причина е што не можам едноставно да се договорам. Зошто, не знам. Еве јас се обидувам од самиот почеток да се договорам, но не знам што госпоѓата сака и зошто го прави тоа што го прави. Немам ниту претпоставка“, објаснува Милан и додава дека пишувањата во медиумите се лажни за тоа дека не го гледа малиот Александар.

„Редовно го гледам. Има шпекулации дека не го гледам. Но, сепак госпоѓата ги опструира средбите. Еве конкретно имам пример. Требаше да летам за Америка каде имам неодложни обврски, а терминот се поклопуваше со средбата кога требаше да го видам Александар. Ја замолив да го промени терминот еден ден порано, но таа ме одби“, раскажува Милан.

Меѓу другото, тој откри дека освен Северина го тужи и нејзиниот сопруг Игор Којиќ.

„Да, точно е дека го тужам. Ќе ги искористам сите законски начини за да ја заштитам приватноста на своето дете. Сакам тој да расте среќно како и сите други деца и пред се да биде анонимен, така што ако треба ќе поднесам уште 100 тужби, ако истите се начинот како да се заштити приватноста на мојот син“, завршува Поповиќ.

1milan popovic

Извор: Вистина.мк

 
 
26.04.2016 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега