Пожари беснееја во Скопје

Противпожарната бригада на Скопје во текот на изминатото деноноќие интервенираше во два пожара во кои е причинета материјална штета.

Интервенирано е на гаснење кровна конструкција со површина од 8 метри квадратни на улицата Маџари - подулица 22 во периодот од 14 и 58 до 15 и 50 часот. Проценетата штета во овој пожар е 30.000 денари.

Пожарникарите интервенирале и на гаснење запален оџак на улицата Методија Андонов Ченто бр. 59 при што проценетата штета е 9.000 денари.

 
 
27.04.2016 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега