Вучиќ: Ќе се спротиставиме на сценаријата од Македонија и Украина

Александар Вучиќ откако победи на последните избори остро реагираше на обвинувањата од опозициските партии дека гласањето не било регуларно и дека требало да се преконтролираат резултатите. Неговата српска напредна партија вчера побара целосно пребројување на гласачките ливичиња за да се отстрани било каква сомнеж на опозиционерите. 

- Стабилноста на Србија е клучна и нема да има никаква неизвесност ако успееме да ја сочуваме. Нема да дозволиме да ни се случат македнското и украинското сценаро, потенцира српскиот премиер без да посочи кој стои во дестабилизацијата на државата. 

За потсетување, Владејачката Српска напредна партија на премиерот Александар Вучиќ  победи со над 52 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори кои се случија на 24. април во Србија. 

 
 
27.04.2016 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега