Минута пред бруталното убиство: Мајката на убиената пејачка откри што и кажала Јелена!

Зорица Крисмановиќ, мајката на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ, вели дека со својата ќерка се слушнала минута пред злосторството и дека жали за тоа што не ја прашала со кој е.

-Мојата Јеца ме изнесе од болница на 1ви април, седевме и пиевме кафе. Следниот ден требаше повторно да се видиме, но исчезна. Повеќе нема да можам да си го видам моето дете, вели таа.

Зорица е многу потресена и тешко се носи со трагедијата која и се случи, пишува српски Телеграф.

- Тој ден  кога Јеца исчезна се слушнав со неа околу 16 часот. Ми кажа: „ Мамо, само да истрчам уште еден круг и доаѓам.“ Меѓутоа не кажа каде трча, дали била на насипот. Се проколнувам секој ден што не ја прашав каде е и со кого е. Можеби сега би била мирна, можеби оној кој го направил злоделото би бил во затвор. Знам дека Јеца беше задишана, но не ми падна на памет да ја прашам каде се наоѓа.

Иако и ветила, незината Јелена не се појавила во куќата на мајка и, а не се јавила ниту и на телефон.

- Луѓе, и звонев, ама никој не ми го одбиваше повикот. Ништо не ја навестуваше трагедијата, но тоа беше крај, се присетува Зорица.

Пејачката Нада Топчагиќ, која је семеен пријател со Крисмановиќ и Марјановиќ, вели дека Зорица ја имала само Јелена.

-Јеца се грижеше за Зорица, и носеше храна и средуваше по дома. Жената е болна. Ја посетува внуката Јана, а често иде и на гробишта, вели Неда и додава дека малата Јана не се одвојува од својот татко од страв дека и него може да го изгуби.

 
 
27.04.2016 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега