Црна среда во Македонија: Многу трагедии за еден ден

Многу трагедии се случија вчера во Македонија.

Вчера во стан од зграда на улицата Владимир Комаров најдено е телото на почината 24-годишна девојка Марија М. од Охрид. На скалите, пак, во истата зграда, е најдено телото на починатиот Предраг Т. (1980) од Скопје.

Од полицијата велат дека девојката била подстанар. Причините за смртта засега не се јасни, па телата на двајцата се однесени на обдукција.

Исто така, вчера се случи драма во скопски Капиштец. Беше пукано во комбе, а потоа екипа на брзата помош после чекање од еден час влезе во зградата на улицата „Народен фронт“ во близина на Цветниот пазар од каде беше пукано. Станот бил забарикадиран. Човекот се самоубил.

 

 

 
 
28.04.2016 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега