Убиецот на Jелена ќе пукне: Ова е новата тактика што ќе ја спроведе полицијата за истрагата

Полициската истрага треба да опфати поголем круг на луѓе, кои ќе бидат испитани околу потрагата по монструмот кој ја убиел пејачката Јелена Марјановиќ. Според тоа дека од убиството поминале 25 дена, тактиката на истрагата мора да се промени, изјави криминологот Бозжидар и додава дека недостатокот на ДНК ја прави истрагата многу специфична.

По 20 години полицијата се соочува со убиеството во кое нема ДНК траги и во моментов нема информации за тоа кој е убиецот на Јелена Крсмановиќ, наведува Божа Спасиќ. Ваквиот тен на истрагата укажува на тоа дека полицијата сега мора да поработи на минувачите, односно дса иде од куќа до куќа.

Спасиќ сепак наведува дека од убиството се поминати 24 дена и дека стратегијата мора да се промени. Тој наведува дека сопругот Зоран Марјановиќ нема информации за убиеството, бидејќи во спротивно до сега би проговорил. Спасиќ смета дека полицијата треба да ја прошири  истрагата на поголем број на луѓе.

- Очекувам некаде на пукне, мораме да добиеме признание, наведува Спасиќ кој работата на полицијата ја оценува позитивно.

Тој нема сомнеж дека е убената пејачка го познавала убиецот, и дека таа слободно му пришла, дека се расправале, и дека по тоа ја бутнал и ја убил.

- Насипот во Борча е поставен така што убиецот можел да остави превозно средство на патот и така да избега од местото на злочинот, објаснува Божа Спасиќ.

Големото интересирање на медиумите за овој случај го толкува како притисок за ова убиство да не се заборави, и додава дека се претерало со пишување за семејството на убиената пејачка.

 

 
 
28.04.2016 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега