Ако шетате вака во Дубровник, ќе треба да си платите казна!

Откако на слични одлуки се решија и неколку други хрватски градови, и Дубровник донесе одлука за забрана за шетање низ градот во костими за капење и други “непристојни” облеки.

zena vo gradnik

-Минатогодишните незгодни искуства поради поединци кои се шетаа недолично облечени или без облека се движеа низ градот, укажаа на потребата да се донесе одлука за дефинирање на одредбите кои се однесуваат на јавниот ред. Предложени се измени и дополнувања со кои е предвидена забрана за движење надвор од плажите без облека, со дел од облека или во костими за капење, а дефинирани се и казнените одредби за непочитување на наведените забрани, потврдуваат од градот.

Оние кои сепак ќе ги прекршат новите правила ги чекаат големи парични казни.

-Во Одлуката ќе стои конкретно: Не е дозволено движење низ градот Дубровник без облека, со дел од облека или во костим за капење. За овој прекршок ќе се казни физичкото лице во износ од 2.500 куни или на местото на правење на прекршокот со 1.000 куни. Поради тоа на повеќе места ќе се постават знаци кои ќе предупредуваат на наведените одредби, додаваат властите.

Со истите измени и дополнувања ќе се забрани и движење со моторни возила на пешачките зони, што ќе се казнува со износи од 1.000, па се до 10 илјади куни.

 
 
28.04.2016 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега