Го избодел три пати со нож поради пари за марихуана

Полицијата од Сокобање го уапсила Никола Матијевиќ (27) поради сомнеж дека три пати со кујнски нож избодеј сограѓанинот Стефан Милисављевиќ (19) поради долг од 500 динари за марихуана.

Милисављевиќ е опериран во Ниш и се наоѓа надвор од животна опасност.

Нападот се случил пред два дена во самиот центар на градот, на шеталиштетп, каде имало многу луѓе. Матијевиќ без никакво предупредување му пришол од зад грб и при пати го избодел, а потоа помегнал. 

Според неофицијални информации тие пред два дена влегле во конфликт поради 500 динари за марихуана.

- Милисављевиќ кажал дека нема пари, но додал дека и да има нема да му ги даде, велат српските медиуми.

Полицијата Матијевиќ го пронашла на автобуска станица, а намерата му била да избега од Сокобање.

-За време на сослушувањето, Матијевиќ изјавил дека не сакал да убие, но дека тој и на уште една личност должел пари.

Признал дека ножот го фрлил во корпа, каде и бил пронајден од страна на полицијата.

Против Матијевиќ е поднесена кривична пријава поради обид за убиство и одреден му е притвор до 48 часа.

 

 
 
28.04.2016 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега