Бизарна несреќа: Виљушкар прегази жена од Велес

Во 10 часот и 30 минути во полиција од болницата во Велес било пријавено дека на Хируршкото одделение е донесена жена прегазена од виљушкар.

Се работи за 55-годишната Р.П. од Велес инаку вработена во фабриката „Ронтис“, која ја прегазил 30-годишниот возач на фирмата Р.Д. додека управувал наназад со виљушкар

Жената која работела како хигиеничарка била итно пренесена во Скопје.

Увид на  местото на настанот извршиле Јавен обвинител, трудов инспектор и увидна екипа од полицијата.

 

 
 
29.04.2016 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега