Голема полициска акција - уапсени мигранти

Вчера околу 17:20 часот по предходна дојава дека на автопатот во близина на село Смоквица во неколку возила се превезуваат мигранти, патролен тим се упатил кон местото, по што откако пристигнале на местото „Станица Клисура“ каде бил запрен автомобил „Ауди“ со кумановски регистерски ознаки управувано од Ф.Ј.(20) од Куманово.

Истиот се дал во бегство но по кратко време бил фатен од страна на полициските службеници, додека останатите возила продолжиле да се движат накај Демир Капија.

Во возилото биле откриени пет илегални мигранти од Авганистан, кои се приведени во Полициска станица во Неготино. 

Околу 18,00 часот од страна на полициска патрола во реонот на село Клисура, односно на околу два километри над селото во планински предел, пронајдени биле празни три возила во кои предходно се превезувале мигранти.

Се работи на откривање и пронаоѓање на возачите кои ги управувале возилата, а против Ф.Ј. по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соответен поднесок.

 
 
30.04.2016 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега