За Велигден Берово преполно со гости

За велигденските празници, Берово е преполно со гости. Најбројни се гостите од соседна Бугарија, но и од сите краеви на Македонија. Интересот да се помине продолжениот празничниот викенд во Малешевијата ги наполни сите туристички капацитети. Сите вили на туристичката населба Беровско Езеро и двата хотели, Манастир и Аурора се полни, пренесе МИА

berovo

Владо Мишовски од хотел Манастир истакна дека нивниот капацитет е целосно исполнет.

– Најбројни се гостите од Бугарија и Македонија. Ако имавме и поголем капацитет за 30 отсто ќе беше полн. Иако во Берово релативно се пониски температурите и временската прогноза не ни оди во прилог, сепак, љубителите на Малешевијата се тука. Ние за гостите организираме посебна програма, со посета на традиционално бачило, прошетка по Малешевските Планини, им нудиме на заинтересираните гости и да изнајмат велосипеди, но и многу други содржини и гледаме максимално да ги искористиме потенцијалите на Малешевијата, рече Мишовски.

И хотелот Аурора на Беровското Езеро е целосно исполнет. Славе Сирачевски истакна дека овде, освен македонски и бугарски гости, има гости и од Хрватска, Германија и Америка.

– Берово е убаво кога е полно. Интересот за посета на Малешевијата е доста голем, што зборува дека Берово се наметна како посакувана туристичка дестинација. Нас како туристички работници нѐ радува што гостите се задоволни, Пакетот што го пунудивме за Берово за овие четири дена, веднаш беше распродаден, рече Сирачески.

Општина Берово, традиционално на самиот ден Велигден, на беровскиот плоштад организира натпревар за избор на најцврсто и најубаво декорирано јајце кој ќе биде проследен со богата културно-уметника програма.

Велигденските празници во Малешевијата, традиционално ја најавуваат и богатата туристичка сезона. За една недела овде ќе дојдат повторно светските етномузичари на традицоналниот семинар за изучување на изворниот македонски фолклор, по што се очекуваат и холандските туристи.

 
 
30.04.2016 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега