Младо момче итно пренесено на скопските клиники - што се случило?

Дваесет и едногодишниот М.А. од Тетово вчера се здобил со тешки телесни повреди при пад од кров.

Како што информира МВР, вчера во 13.10 часот во  ПС-Тетово се јавил Ш.Н.(32) од село Џепчиште, сопственик на фирма за изведување градежни работи на кровни конструкции со лим и пријавил дека од страна на М.А.(21) од Тетово, бил ангажиран да изведува градежни работи.

Додека работеле на кровната конструкција на објектот, М.А. се качил на кровот за да ја надгледува нивната работа и во еден момент додека разговарал на мобилен телелефон, од невнимание згазнал на стара лесонитна табла која се скршила, при што паднал од висина од околу 6-7 метри на бетонската подлога.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош повредениот со амбулантно возило бил пренесен во Клиничката болница -Тетово и по укажаната лекарска помош поради сериозноста на повредите кој ги имал во пределот на главата и телото бил префрлен во Ургентен Центар -Скопје.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Тетово

 
 
01.05.2016 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега