Уште една несреќа во Македонија: Трактор се заби во автомобил , повредени неколку лица

Уште една несреќа вчера  ја потресе Макеоднија. Вчера  во 12 часот на регионалниот пат Куманово – Св.Николе кај м.в „Кантонче“, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 533“ со лесна приколка со светиниколски регистарски ознаки сопственост и управувано од Р.Д.(60) и патничко моторно возило „Форд транзит“ со струмички регистарски ознаки сопственост и управувано од Д.В.(21) од Струмица. 

Според информациите на полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на тракторот и сопатникот на тракторот Р.Н.(20) од Св.Николе и истите ќе бидат задржани во Клиничка болница-Штип за понатамошно лекување. Возачот на патничкото моторно возило „Форд“ и сопатниците се здобиле со телесна повреда, на истите им била укажана лекарска помош и се пуштени на домашно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица од Св.Николе

 
 
01.05.2016 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега