Потоп во Македонија: Еве на кои места наврна најмногу дожд

 

Деновиве дождот не престанува во Македонија.

Во Прилеп наврнаа 3 литри на метар квадратен за 24 часа, 8 во Тополчани, 9 во Демир Капија, 11 во Скопје, 14 во Битола, 15 во Скопје Петровец и Тетово, 16 во Охрид, 18 во Штип, Гевгелија, Виница, 19 во Струмица, 20 во Претор и Ѓуриште, 21 во Крушево, 25 во Берово, Крива Паланка и Дојран, 26 во Маврово, 29 во Пожар и Лазарополе, 36 воПожаране и 44 во Куманово.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

УВ индексот ќе биде 4.

И во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и релативно свежо време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет, а ќе има и услови за ретка појава на грмежи. До четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

 
 
03.05.2016 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега