Попоски на конферeнција за Западен Балкан во Брисел

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска во Брисел ќе учествува на конференција за Западен Балкан, насловена „Европската иднина на Западен Балкан“.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, теми на дискусија на Конференцијата се европската перспектива на Западниот Балкан, доброто владеење, миграциската криза, а ќе се разговара и за релевантни безбедносни прашања.

Во рамки на kонференцијата, министерот Попоски ќе оствари повеќе билатерални средби.

Конференцијата е организирана од Европскaта народна партија, Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“.

 
 
04.05.2016 - 09:18
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега