Бизарна несреќа: Бришела прозори - паднала и починала

 

Жена од Србија загина во бизарна несреќа. Таа се качила да ги избрише своите прозори, по што се лизнала и паднала, и замианла во смрт.

Се работи за 58-годишната В.Ш. која животот го загубила во понеделникот кога паднала од прозорец на Омладинската улица каде живеела. Несреќната жена паднала на бетон на висина од пет метри. Полицијата веднаш извршила увид, а според првичните податоци се работи за несреќен случај.

Еден од соседите вели дека глетката била ужасна: - Го слушнав лекарот од Брзата помош како вели уште е жива, ја тсавија во возилото, но залудно. Целата беше крвава, прстите и беа модри, вели сосед кој се нашол како очевидец на местото на настанот.

Тој додава и дека несреќната жена била културна и добра соседка со која никој си немал проблеми во соседството.

 
 
04.05.2016 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега