МАКЕДОНИЈА НА НОЗЕ: ГДОМ вечерва со собири во 9 града

Граѓаните се обединети за крај на кризата и гласно порачуваат: Избори се единственото решение за крај на агонијата во која се наоѓа Макеоднија. Oд ГДОМ известуваат дека вечерва во 9 града ќе се одржат народни собири.

gdom-sobranie6

Вечерва оваа порака ќе биде пратена на големи народни собири во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) кои ќе се одржат насекаде низ државата: во Битола, Штип, Велес, Делчево, Гевгелија, Струмица, Куманово, Радовиш и Тетово. Сите собири започнуваат во 19 часот.

-Македонија е обединета. Стоп за деструктивните сценарија, доста ни е од наметнатата криза. Избори мора да има, народот мора да го искористи демократското право да одлучува за својата иднина! Се гледаме вечер!, порачуваатод ГДОМ.

 
 
04.05.2016 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега