Конечно прозборе мајката на Јелена: Ова е мојата вистина

Првпат во јавноста по повеќе од месец дена од страотната трагедија се огласи мајката на убиената пејачка Јелена Марјановиќ, Зорица Крсмановиќ, потврдувајќи за српски Телеграф дека 40 дена од смртта на пејачката ќе одбележат на 11 мај.

На новинарите кои разговараа со неа им ја отвори вратата од својата куќа и со плачлив глас им се заблагодари што пишуваат и известуваат за овој случај, наведувајќи дека се чека правдата да биде задоволена.

Зорица Крсмановиќ, мајката на убиената Јелена, не сакаше претходно да разговара со медиумите. Иако остана потполно сама, страдаше во тишина. По загубата на ќерката, сила и дава само петгодишната внука Јана, која ја гледа секојдневно.

Сепак девојчето не може многу да се гледа со бабата Зорица зошто со својот татко живее во нивната семејна куќа, со неговите родители.

 
 
04.05.2016 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега