Конечно добри вести: Нафтата поевтинува

Американската лесна нафта за јунска испорака поевтини за 20 центи на 44,12 долари за барел, додека северноморската нафта од типот „брент“ вчерашното тргување го заврши со цена пониска за 18 центи на ниво од 44,83 долари за барел.
Последните цени врз основа на кои регулаторот во вторникот ги определи цените во малопродажба изнесуваат 43,6 долари за барел и се уште се пониски од актуелната цена на светските берзи.
Сепак, трендот на спуштање на цените дава надеж дека наредната корекција во Македонија можеби ќе биде во насока на спуштање на цените или барем задржување на истото ниво по бранот поскапувања во последните месеци.

 

 

 
 
06.05.2016 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега