Велешанец илегално превезувавл мигранти

На влез во село Стојаково од правец на село Богородица, Гевгелија, вчера во шест часот полициски службеници забележале товарно моторно возило „ФАП“ со велешки регистарски ознаки, во чија близина биле пронајдени 57 илегални мигранти. Од нив, 28 од Авганистан, 22 од Ирак, три од Пакистан, еден од Сирија, двајца од Иран и еден од Индија.

 

Во 11 часот тие биле приведени во полициска станица на граничен премин Богородица и ќе бидат спроведени до Прифатен центар за странци на МВР, а возилото со потврда е предадено на инспектори од Регионален центар-Југ за понатамошна постапка.

 
 
08.05.2016 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега