ФОТО: Неколку лица повредени во тешка сообраќајка во Скопје

Попладнево во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа во која неколку лица се повредени, објави Телма

te

Сообраќајката се случи на улица Московска во скопската населба Тафталоџе кога две возила се судрија.

Едното заврши во бандера а другото на спротивната страна од коловозот по кое се движело. Во голфот возачот се задобил со повреди а се отворило и воздушното заштитно перниче додека на хундаито има поголема штета на задниот дел од возилото.

Луѓето од околните објекти велат дека на ова место се вози многу брзо и често има сообраќајки. И оваа сообраќајка според нив била резултат на брзо и невнимателно возење.

 
 
08.05.2016 - 23:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега