ФОТО: Еден од најцрните денови во Македонија - ова се хероите кои загинаа

Пред точно една година, на кобниот 9-ти мај во кумановската населба „Диво насеље“ згасна животот животот на осум македонски херои кои ги бранеа Македонците и Македонија. 

Полициската акција се одвиваше во кумановската населба „Диво насеље“, дел од градската месна заедница „Тоде Мендол“, во близина на автопатот Е 75. Акцијата започна рано утрината во 04:30 часот 

 

во саботата на 9-ти мај и траеше речиси непрекинато 28 часа, сè до 10-ти часот во неделата на 10 мај.

Од страна на македонските безбедносни сили загинаа осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а беа повредени дури 37 други полицајци.

НИКОГАШ НЕМА ДА БИДАТ ЗАБОРАВЕНИ ХЕРОИТЕ КОИ ГИ ДАДОА ЖИВОТИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

  • Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетово
  • Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостивар
  • Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетово
  • Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопје
  • Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар
  • Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје
  • Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје
  • Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје
 
 
09.05.2016 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега