За што најчесто бараат совет Македонците?
Во текот на минатата недела за медицински совет на телефонската линија 02/15 123 на Ало докторе се јавиле 1.376 граѓани.
Граѓаните најчесто барале совети за покачен крвен притисок главоболки, настинки, алергиски реакции, убоди од инсекти, симптом на болка и совети поврзани со хронични болести и состојби предивикани од променливото време.
На сите лица кои побарале медицински совет на телефонската линија Ало докторе им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Од воспоставувањето на оваа телефонска линија на 15 септември 2014 година имало вкупно 91669 повици со барање медицински совети.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
На телефонската линија Ало докторе за медицински совет се достапни вкупно 25 доктори. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа