Состојбата се влошила: Итно опериран Бата Живоиновиќ

 

Борбата за живот на легендарниот актер Бата Живоиновиќ продолжува понатаму. Актерот кој сите го обожаваме бил итно опериран поради гангрена на ногата.

82-годишниот Бата имал проблеми со гангрената која земала замав, па било одлучено од болницата Свети Сава каде беше хоспитализиран преддне недели, да се префрли на Дедиње. По одобрување на семејството, Бата бил опериран поради гангрена на ногата.

Овие информации ги потврдила и ќерката на актерот.

- Бата е добро сега е во стабилна состојба и чекаме да видиме како ќе биде текот на опоравувањето, рекла таа.

Инаку, Бата поради здравствените проблеми со гангрената во 2011 отиде да се лечи на Куба. Неколку години пред тоа доживеа срцев удар, а по Куба и мозочен удар. 

Сега повторно му се влоши состојбата и беше итно хоспитализиран.

 
 
09.05.2016 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега