Крвавиот план на терористите: Смрт и жртви низ цела Македонија
Изведување на терористички акти и жртви низ цела Македонија беше целта на терористичката група која македонските ебзбедносни сили ја разбија пред точно една година во кумановската Дива Населба. Во првичните разговори со лицата, кои претходно се предале на полицијата, било посочено дека цели на групата биле напади на државни и цивилни цели, кои би започнале со спроведување од средината на мај.
Според информации од истрагата кои беа објавени во медиумите, терористите во Дива населба во првите денови од месец мај се договориле за закуп на четири куќи во населбата кои се наоѓаат во еден двор за 5.000 евра.
Во Македонија почнале да влегуваат околу 7-ми мај, а дел од 30-мината приведени, при разговорите во полициска станица изјавиле дека оружјето го внесувале преку илегални премини со возила, ранци и торби. Терористите поделени во групи, според дел од приведените, имале задачи да вршат напади на разни објекти, цивилни и државни цели, полициски станици. Според исказите на еден од приведените една од целите била и Камениот мост во Скопје, а нападите требале да започнат од средината на тој месец.
Најопасната терористичка група на Балканот по повеќе од 24 часовна борба беше неутрализирана. Дел од приведените терористи беа лица припадници и поранешни команданти на ОВК, лица кои учествувале во активности против територијалниот интегритет на Република Македонија, биле вклучени во паравоени структури кои се залагаат за Голема Албанија, а биле дел и од нападот на караулата во Гошинце. На полицијата и се предадоа тројца од лидери на оваа група.
Загинаа овие херои
- Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетово
- Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостивар
- Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетово
- Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопје
- Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар
- Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје
- Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје
- Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа