Конечно: Збогум дожду

 

Во понеделник наутро повторно очекуваме сончево време. Мала облачност ќе се развие во текот на денот. Само во околината на планините долж источната и јужната граница облачноста ќе биде малку поразвиена, а со тоа и веројатноста за врнежи попладне од оваа облачност ќе биде поголема.

Полошката, скопската, пелагониската котлина, како и котлините во североисточниот крај очекуваат максимална вредност на дневната температура во границите помеѓу 21°С и 23°С. Охридскиот крај, Осоговијата и Малешевијата ќе имаат дневна температура со максимална вредност помеѓу 18°С и 20°С. Најтопло ќе биде на југоисток, околу 25°С.

 

Во Скопје ќе биде сончево во поголем дел од денот. Услови за дожд нема. Максималната температура ќе достигне вредност околу 22°С.

 
 
09.05.2016 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега