Сосед херој: „Ја спасував Неда со помош на даска за пеглање“

Соседот на Неда Арнериќ, кој живее на првиот кат во нејзината зграда делумно е заслужен за спасувањето на животот на познатата глумица.

Како што А.Н., соседот на Неда и доктор по професија раскажа за српски Блиц, во моментот кога се случила несреќата тој седел во дневната соба со ќерката и гледал телевизија.

- Во еден момент се слушна морничав звук дој дојде однадвор. Потоа следеше силен удар. Помислив дека некој од соседите силно ја треснал вратата, вели А.Н. за Блиц.

Меѓутоа, непосредно потоа, друг сосед му заѕвонил на вратата и му соопштил дека на алуминиумскиот покрив на антикварницата, која се наоѓа во подножјето на зградата лежи тело.

- Излегов во ходникот и го скршив прозорецот кој води до покривот на кој падна Нела. Со помош на даска за пеглање ја имобилизирав, раскажа А.Н.

Како што кажа, Неда Арнериќ на телото немала видливи повреди, ниту крварење.

Неда Арнериќ вчера вечерта паднала од терасата на својот стан на третиот кат. Таа со тешки повреди на пршлените е примена во Ургентниот центар. Глумицата сеуште е во тешка состојба.

 

 

 

 
 
09.05.2016 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега