Крвав маж пронајден во двор на училиште во Битола

Крвав викенд во Македонија. Во текот на вчерашниот ден од страна на Итната медицинска помош во Битола во полиција било пријавено дека е пронајден маж целиот со повреди по главата.

Според податоците од полицијата, се работи за 34-годишниот А.М. кој бил пронајден на спортското игралиште во Основното училиште „Коле Канински“-Битола, на асфалтната подлога. Тој имал видливи повреди во пределот на главата.

А.М. е пренесен во Клиничката болница-Битола каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
 
09.05.2016 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега