Млади скопјани сакале да ја измамат полицијата - еве како заврши обидот

Во текот на вчерашниот ден во 11 часот од страна на полициски службеници во близина на тунелите на автопатот во правец Демир Капија-Велес, забележано е возило „Мерцедес“ управувано од 23-годишниот Љ.М. од селото Танушевци во Скопје. Возачот на даден знак да го запре возилото, го продолжил движењето и по неколку километри го запрел истото, по што заедно со 20-годишниот совозач  Р.Ј. од Скопје, избегале.

Од преземени мерки Љ.М. е приведен, додека Р.Ј. успеал да избега од рацете на полицијата.

Во просторот за товар во возилото се пронајдени 30 мигранти од Авганистан, Ирак и Конго, кои се приведени во Полициската станица Неготино.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.

 
 
09.05.2016 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега