Тешка сообраќајка на патот Градско-Прилеп - повредени две лица

Едно лице е потешко, а друго полесно повредено во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај тунелот по Дреновската клисура.

Информација ја потврди Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци.

- Имавме повик и веднаш заминавме на местото. Сообраќајната несреќа е на границата на општините Кавадарци и Прилеп и затоа била повикана и брзата помош од Прилеп, чие медицинско возило повредените ги однело во прилепската болница, соопштија од кавадаречката служба за итна медицинска помош.

Според нивните сознанија, во несреќата учествувале голем и помал автобус, како и еден патнички автомобил.

 
 
09.05.2016 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега