Се судрија два автобуси на патот Градско- Прилеп - осум лица повредени

Осум лица се повредени во сообраќајката што се случи денеска попладне во 15 часот и 30 минути на патот Градско-Прилеп, информира портпаролот на Секотрот за внатрешни работи во  Велес Анита Стојковска. 

Според Стојковска, во сообраќајната несреќа меѓу два автобуса, осумте повредени лица се пренесени во Медицинскиот центар во Прилеп.

Увид на местото на несреќата извршија надлежен јавен обвинител и полициски службеници од СВР Велес. 

Поради сообраќајната несреќа до 18:30 часот во прекин беше сообраќајот  на патот Градско-Прилеп, кај село Фариш. 

 
 
09.05.2016 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега