Од играчка плачка: Деца си играле околу трафостаница во Прилеп - едно завршило во болница

Малку фалеше детската игра во Прилеп да се претвори во трагедија кога група дечиња забавата ја нашла токму во една трафостаница.

Според очевидци истата трафостаница низ која поминува струја под висок напон често била омилено место за игра на децата од прилепската населба Жабино Маало.

Во еден момент во трафостаницата избил пожар, а едно од децата се здобило со изгореници, но за среќа е надвор од животна опасност.

Очевидци велат дека децата претходно се качувале врз трафостаницата и скокале врз неа. Кои се причините за пожарот ќе каже истрагата која ја спроведува полицијата.

 

Енергетичарите во повеќе наврати ги предупредуваа родителите да не дозволуваат нивните деца ад се си играат околу енергетските објекти.

 
 
09.05.2016 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега