И сопругата на Кежаровски од денеска штрајкува со глад

Од денеска и сопругата на притворениот новинар Томислав Кежаровски започнува штрајк со глад, во знак на поддршка на својот сопруг, пренесе Нова Тв.

 Марина Кежаровска од денеска штрајкува со глад, во знак на поддршка на својот сопруг, но и поради безизлезноста на ситуацијата и неможноста на друг начин да му помогне.

Таа за Нова изјавува дека и е нејасно зошто и покрај тоа што истрагата е завршенанејзиниот сопруг сеуште е во притвор.

Инаку, Кежаровски започнува штрајк со глад откако веќе два месеци е во притвор откако беше уапсен во акцијата „Ликвидација“, бидејќи наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок за текст од 2008 година за случајот за нарачаното убиство во селото Ореше. Тој денеска ја одбил затворската храна.

ИЗВОР и ФОТО: Нова ТВ

 

најчитано сега