Несреќа во Куманово: Тракторот паднал врз него - починал на лице место

 

Шеесет и четиригодишен тракторист од кумановско Доброшане, починал вчера околу 9:40 часот во село Бајловце.

Според, СВР Куманово трактористот собирал сено со трактор на кој имало прилучена дополнителна земјоделска алатка. Тракторот во еден момент се превртел и врз земјоделецот паднала приклучната алатка. Лекарите само ја констатирале смртта.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Куманово по овластување на Основното јавно обвинителство. Телото на починатиот е предадено на семејството

 
 
10.05.2016 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега