Со Југото удрил во ограда и се превртел - страшна несреќа во Прилеп

Во 12 часот на регионалниот пат Прилеп-Витолиште се случила сообраќајна незгода во која 77-годишниот М.К. управувајќи возило „Југо 55“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола, удрил во заштитната ограда и се превртел.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 67-годишната сопатничка од Прилеп С.З. која по укажаната лекарска помош била препратена на понатамошно лекување во Ургентен центар-Скопје.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.

 
 
10.05.2016 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега