Детали за страшната несреќа во Македонија: Осум лица во болница

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, се случила сообраќајна незгода помеѓу два автобуси. Се работи за автобус  „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 61-годишниот И.М. од Прилеп, и автобус „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 45-годишниот З.Д. од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 26-годишниот Д.К. кој бил пренесен во болницата во Кавадарци, додека со телесни повреди се здобиле уште седум патници кои се пренесени во Медицинскиот Центар во Прилеп.

За време на вршење на увидот во периодот од 15 до 18 часот и 30 минути, сообраќајот бил во прекин.

 
 
10.05.2016 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега