Најголемата желба на убиената српска пејачка која никогаш нема да се оствари

 

Јелена Марјановиќ Крсмановиќ, српската пејачка на Гранд која беше брутално убиена, сонувала да има уште едно детенце, покрај петгодишната ќерка Јана. Ова за Ало го изјави сопругот на Јелена, Зоран Марјановиќ, кој сега остана сам да се грижи за малото детенце.

Тој раскажа каква била Јелена последниот ден од нејзиниот живот.

- Беше среќна и насмеана, и верувајте беше сакана и засекогаш ќе ја паметам таква, насмеана!, рекол Зоран на екипата на српскиот Ало.

Тој додава и дека Јелена сакала уште едно дете, сакала да биде опкружена со деца и љубов и да остари заедно со сопругот.

 

 
 
10.05.2016 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега