Во март издадени 196 одобренија за градење
Во март годинава се издадени 196 одобренија за градење, што е за 17,6 отсто помалку во однос на истиот месец во 2015-та, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.925.448.000 денари што е за 23.8% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 116 (59.2%) се наменети за објекти од високоградба, 32 (16.3%) за објекти од нискоградба и 48 (24.5%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 196 објекти, на 120 (61.2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 76 (38.8%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 527 станови, со вкупна корисна површина од 42.545 метри квадратни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа