Ефтов: СДСМ е декор, Груевски и меѓународната заедница се фактори кои можат да ја решат кризата

 

СДСМ и Зоран Заев како и нивните протестанти во моментов се само еден декор на македонската политичка сцена. Кризата можат да ја решат само факторите во земјава, а тоа се Никола Груевски и меѓународната заедница.

Ова го истакна новинарот Васко Ефтов во гостувањето во Радио Слободна Македонија.

-Политичката битка во земјава се води меѓу меѓународната заедница и Никола Груевски. Меѓународната заедница не сака да биде поразена. Всушност, прифаќа да биде поразена од ВМРО-ДПМНЕ, но и е тешко да прифати да биде поразена од Никола Груевски. Фактори во Македонија во моментот се Никола Груевски и меѓународната заедница. Ниту протестанти ниту СДСМ, ниту Заев. Тие апсолутно се декор во моментов на политичката сцена. Господинот Бејли како претставник на меѓународната заедница и господинот Груевски како претставник на ВМРО-ДПМНЕ се фактори кои можат да ја решат политичката криза и тоа директно. Не преку Али Ахмети,  не преку улога на Зоран Заев, рече Ефтов.

 

 
 
11.05.2016 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега