Ангеловски: Политичката криза е сценарио за дестабилизација

Македонија беше исклучително стабилна во последните неколку години. Дури луѓето ја споредуваа со времето на Југославија во однос на мир и на прогрес, вели Страшо Ангеловски во отвореното студио на ТВ Нова.

Тој истакна дека ваква криза се случува на територијата на целиот Балкан.

-Груевски не се сними сам и му ги даде разговорите на Заев да ги пушти. Секој кој ги следи нештата знае дека истиов процес се случува во Босна и Црна Гора. Во Црна Гора со насилни протести на опозицијата влегоа во влада. Истото се случува во Хрватска, Бугарија, најавено е и за Албанија, рече тој во гостувањето во ТВ Нова.

-Ова е сценарио за дестабилизација, а зошто баш ЕУ и Америка доаѓаат и се вмешуваат, а не Кина? Тука се работи за битки за влијание. Да не гледаме еднострано дека само тие имаат ингеренции да интервенираат за стабилноста, а сите други се исклучени, тоа не е аргумент, додаде тој.

 
 
12.05.2016 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега