СДСМ: Димовски не е во позиција да поставува ултимативни рокови додека Иванов не го реши статусот на Давитковски

СДСМ уште еднаш го повикува претседателот Иванов во најкраток можен рок  да го реши статусот на Претседателот на Комисијата за истражување на настаните од 24 декември, Борче Давитковски.

 Во меѓувреме, пратеникот Илија Димовски не е во позиција да свикува седници на Комисијата, а уште помалку има право да поставува ултимативни рокови на останатите членови. Ако требаше Комисијата да работи со 4 члена од партиите и без претседател, таа ќе почнеше да работи уште на 16 март, кога и беа именувани членовите, а не на 11 јуни, кога беше постигнат договор и именуван нејзиниот претседател, Борче Давитковски.

 Најважно од се: Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во целост и принципиелно ги има исполнето сите свои обврски превземени со Договорот од 1 март. Очекуваме дека ВМРО-ДПМНЕ наместо зборови и критики, конечно ќе покаже на дело дека е заинтересиран за расветлување на настаните од 24 декември. 

Интегрален текст од реакција на СДСМ.

 

 

најчитано сега