Вондредна временска прогноза за утре која нема многу да ви се допадне

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен и западен правец на повисоките места и на планините. Попладне во северната половина од земјата ќе има краткотраен пороен дожд со грмежи.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува и умерен повремено засилен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните ќе има појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. До недела ветерот ќе биде од јужен правец, додека од понеделник ќе го промени правецот во северен со што температурите ќе бележат опаѓање. 

 
 
13.05.2016 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега