Апсолвентката од Скопје ќе се брани од слобода - може да добие три години затвор

Апсолвентката од Скопје која го роди своето бебе на Табановце, а потоа го фрли во корпа за отпадоци, ќе се брани од слобода. Како што пишува Дневник, 23-годишната Т.И. од Економскиот Факултет во Скопје ќе се брани за грозоморното дело од слобода.

Девојката која веќе била во 7/8 месец од бременоста заминала на екскурзија со пријателите. На Табановце почуствувала силно сечење во стомакот. Се пожалила на другарите и побарала таблета. Се напила Рапидол, а откако болкитестанале неподносливи, отишла во тоалетот. Таму, додека стоела над ВЦ школката ја забележала главата на бебето кое почнало да излегува. Бебето следниот момент паднало, а студентката наместо да побара помош, ја пресекла папочната, и иако било живо, го фрлила во корпа за отпадоци и го покрила со тоалет. Потоа бебето починало.

Настанот го открила хигиеничарката која го чистела тоалетот наредниот ден. Таа се згрозила и пријавила во полиција.

Според Кривичниот законик, ако се докаже дека е виновна студентката, може да добие од три месци како најниска казна, до три години затвор, за убиство при раѓање дете.

Настанот се случил на 29 март.

 

 
 
14.05.2016 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега